ВАИЛЛАНТ ДООЕЛ Скопје
ул. Архиеписко Доситеј, бр. 2, локал 13, Ѓорче Петров,
Скопје, Република Северна Македонија
ЕМБС: 7560656
ЕДБ: 4044021519644 Ваиллант
ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-СТРАНАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ВАИЛЛАНТ
Ваиллант, како оператор на веб страна www.vaillantshop.mk која се користи преку платформата Вендор за веб-продажба на Производи од портфолиото на Ваиллант на територијата на Република Северна Македонија.
Ваиллант како членка на групацијата Vaillant GmbH од Германија - поставува свои интерни политики за сите бизнис процеси, меѓу кои е и Политиката за Доставување на производи.
Во понатамошните членови од оваа Политика ќе бидат регулирани сите процеси поврзани со доставувањето на нарачаните Производи од веб страната на Ваиллант www.vaillantshop.mk преку Платформата.
ВАИЛЛАНТ ДООЕЛ Скопје
ул. Архиеписко Доситеј, бр. 2, локал 13, Ѓорче Петров,
Скопје, Република Северна Македонија
ЕМБС: 7560656
ЕДБ: 4044021519644 Ваиллант
По регистрацијата, Купувачот треба да се логира на веб-страната - по што истиот ќе има можност да влезе во својот профил или да разгледува и одбира Производи од портфолиото на Ваиллант за да ги стави во својата кошничка.
По одбирањето на Производите кои што Купувачот сака да ги купи преку веб-страната на Ваиллант, Купувачот ја финализира својата кошничка и испраќа информација до Платформата за спроведената нарачка.
Платформата ја прима информацијата од Купувачот и автоматски креира формална нарачка која што ја испраќа до Ваиллант на официјалната е-мејл адреса за кореспонденција.
Ваиллант, по добивањето на формалната нарачка од Платформата, изработува информација за состојбата на залихите од одбраните производи и за евентуалниот рок за доставување на истите. Дополнително, Ваиллант издава про-фактура во која што се наведени сите Производи кои што се достапни, заедно со цените за нив, и истата ја доставува до Купувачот преку наведената е-мејл адреса за кореспонденција.
По испраќањето на про-фактурата до Купувачот, Купувачот има рок од 3 календарски денови да изврши плаќање по истата.
По приемот на уплатата за про-фактурата за нарачаните Производи, Ваиллант може да организира доставување на Производите до адресата на Купувачот.
Вредност на Производите што се купуваат по про-фактурата до 14,999 МКД
Доколку вредноста на Производите кои што се купуваат е до 14,999 денари, Ваиллант не организира достава до адресата на Купувачот.
При купувањето на Производи до овој износ, Купувачот е должен самиот да организира транспорт и да ги покрие трошоците за истиот и да ги подигне Производите од наведената локација во про-фактурата.
Рокот за преземање на Производите во овој случај е 3 работни денови од приемот на уплатата од страна на Ваиллант.
Вредност на Производите што се купуваат по про-фактурата еднаква или повисока од 15,000 МКД
Доколку вредноста на Производите кои што се купуваат е еднаква или повисока од 15,000 денари, Ваиллант организира достава до адресата на Купувачот во Република Северна Македонија и трошоците за истата ги покрива Ваиллант.
Организираната достава од страна на Ваиллант се спроведува преку курирска служба или транспортна компанија до адресата која што е наведена од страна на Купувачот.
Купувачот е должен да ја извести Ваиллант за адресата каде што би сакал да бидат доставени Производите за секоја нарачка која што има вредност еднаква или повисока од 15,000 МКД.
Ваиллант врши достава на целата нарачка на една адреса која што ќе биде наведена од страна на Купувачот (не е возможна парцијална достава на повеќе адреси за истата нарачка).
Рокот за достава е 3 работни денови од денот на приемот на уплатата од страна на Ваиллант или од приемот на писмената потврда за нарачката (апликативно единствено за Купувачите со кои што Ваиллант има склучено Договор за соработка/одложено плаќање).
На личните податоци на Купувачот ќе се гледа строго во согласност со Законот за заштита на личните податоци и ќе се користат исклучиво за целите поврзани со Купопродажба на Производите и интерните процедури на Платформата.
Во случај на потреба за промена на оваа Политика, Ваиллант ќе донесе Одлука за промена на истата и за тоа ќе ја извести Платформата Вендор, како и секој од Купувачите со кој што има склучено Договор за соработка во рок од 5 работни денови од ефективниот датум на промените.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на +389 2 20 30 170.